ДИРЕКТОРОТ НА ПАРКИНЗИ ЦЕНТАР САША БОГДАНОВИЌ Е КАНДИДАТ НА СДСМ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ЦЕНТАР

    ДИРЕКТОРОТ НА ПАРКИНЗИ ЦЕНТАР САША БОГДАНОВИЌ Е КАНДИДАТ НА СДСМ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ЦЕНТАРБогдановиќ е актуелен директор на ЈП „Паркинзи Општина Центар“ со кое раководи изминатите 4 години (Фото:ПОЦ)

    Саша Богдановиќ ќе биде кандидат на СДСМ за градоначалник на Општина Центар, потврди премиерот Зоран Заев вечерва по потпишувањето на договор за настап на локалните избори помеѓу партиите што се дел од коалицијата предводена од СДСМ. Богдановиќ е актуелен директор на ЈП „Паркинзи Општина Центар“ со кое што раководи изминатите 4 години и е претседател на општинската организација на СДСМ Центар.

    Минатата недела актуелниот градоначалник Андреј Жерновски собра потписи за кандидатура како независен пратеник ако СДСМ не го поддржи во трката за втор мандат, но денеска изјави дека се повлекува од трката, ќе стане член на СДСМ и ќе прејде на висока позиција во централната власт.

    Утре е краен рок за поднесување кандидатури, а локалните избори се закажани за 15 октомври.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира