ДОКТОР ПРЕТЕПАН ДО БЕСОЗНАНИЕ ПРЕД ПОЛИЦАЈЦИ ВО ТЕТОВО

    ДОКТОР ПРЕТЕПАН ДО БЕСОЗНАНИЕ ПРЕД ПОЛИЦАЈЦИ ВО ТЕТОВОПациентот го тепал докторот два пати, при што тој паднал во бессознание и бил пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.(Фото: СДК.МК)

    Пациент претепал доктор во Клиничкиот центар во Тетово, пред полицајци. Докторот е сериозно повреден во нападот и итно бил префрлен во Клиничкиот центар во Скопје.

    Пациентот го тепал докторот два пати. Првиот пат, незадоволен од неговата работа го истепал и си заминал. Потоа била викната полиција, но тоа не помогнало за смирување на ситуацијата, па пациентот пред нив повторно го тепал, при што докторот паднал во бесознание. Во Клиничкиот центар во Скопје му се констатирани повреди во главата.

    „Некогаш од нетрпение спрема белиот мантил се случуваат некои работи кои не треба да се случат. Пациентот прво го истепал докторот оти не бил во болницата кога барал од него потпис, а тој всушност бил на состанок со директорот. Пациентот заминал, во меѓувреме дошла полиција и за некои петнаесетина минути пак се вратил и во присуство на полицајци го дотепал докторот, кој добил сериозни повреди. Значи ни крив ни должен бил нападнат“ рече Невзат Елези претседател на Здружение на лекари Албанци во Македонија.

    З. АНДОНОВ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари