ДОКТОРКА ОД ИТНАТА ПОМОШ ОД ВЕЛЕС ПОЗИТИВНА НА КОВИД-19

    ДОКТОРКА ОД ИТНАТА ПОМОШ ОД ВЕЛЕС ПОЗИТИВНА НА КОВИД-19Лекарката е асимптоматски случај, при извршување на работните обврски ги запазувала стандардите за заштита од ковид-19, така што ниту еден од вработените во службата не е во изолација и Итната помош работи непречено, велат од службата. (Фото: СДК.МК)

    Докторка од Итната помош при Здравствен дом Велес е позитивна на ковид-19, потврди директорот на оваа здравствена институција Николче Димовски.

    „Лекарката е асимптоматски случај, при извршување на работните обврски таа ги запазувала стандардите за заштита од ковид-19, така што немаме ниту еден од вработените во службата во изолација. Итната помош работи непречено“, рече Димовски.

    Од Центарот за јавно здравје Велес соопштија дека од извршената анкета не можело да се констатира од каде се заразила докторката.

    „Таа ги почитувала правилата за работа во услови на ковид-19. Единствена причина поради која се решила да се тестира е малаксаност, резултатите беа позитивни и таа е на домашно лекување. Бидејќи се придржувала на условите за работа при коронавирусот и таа и колегите со кој била во смена, нема никој во изолација“, изјавија од Центарот за јавно здравје.

    Ова е втор случај на докторка од велешката Итна помош која е позитивна на ковид-19. Во јуни нејзина колешка имаше коронавирус.

    П. ПЕЧКОВ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира