ДОКТОРКА ОД ПРИВАТНА АМБУЛАНТА БОЛНА ОД КОРОНАВИРУС, ЌЕ ТЕСТИРАВМЕ ПОВЕЌЕ ДА НЕМАШЕ ОТПОР ВО ЛИПКОВСКО, ВЕЛАТ ОД ЦЕНТАРОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ

    ДОКТОРКА ОД ПРИВАТНА АМБУЛАНТА БОЛНА ОД КОРОНАВИРУС, ЌЕ ТЕСТИРАВМЕ ПОВЕЌЕ ДА НЕМАШЕ ОТПОР ВО ЛИПКОВСКО, ВЕЛАТ ОД ЦЕНТАРОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕДа немаше отпор од населението во Липковско ќе тестиравме и повеќе, уште не можеме да се справиме со тој проблем, велат од Центарот за јавно здравје во Куманово. (Фото: СДК.МК)

    Докторка од приватна амбуланта во липковско село е меѓу 19. нови случаи на КОВИД-19, кои во изминатото деноноќие се регистрирани во Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) во Куманово. Од нив 16 се од Општина Липково, а тројца се од Куманово. По села: Матејче – 12, Опае – 2, Никуштак – 1 и Ропаљце -1.

    „Сите се од познати кластери, дел од новозаболените дури имаат и починати членови во семејствата. Нашите екипи и денеска беа на терен и вршеа масовни тестирања. Направивме околу седумдесет тестови, 56 во Липково и 20 во Куманово на мој термин и контролни тестови. Да немаше отпор од населението во Липковско ќе тестиравме и повеќе. Уште не можеме да се справиме со тој проблем“, велат од Центарот за јавно здравје.

    Поради опасноста да ескалира состојбата со коронавирусот во местата коишто се жаришта на заразата, ЦЈЗ од минатата недела започна со масовно тестирање. За да ги убедат жителите од неопходнсота на навремено откривање на вирусот и во справувањето со кризата се вклучи МВР, Општината, здравствените работници, верските заедници, директорите на училиштата и сите релевантни чинители на зедницата.

    Во Липковско има регистрирани 168 заболени, околу 100 се активни, а 6 починати.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира