Евроамбасадорот Дејвид Гир признава дека доставата на вакцините не е на посакувано ниво но, смета дека механизмот Ковакс ќе профункционира соодветно. При денешната посета на Тетово, каде имаше средба со градоначалничката Теута Арифи, тој посочи дека состојбата со набавка на доволен број вакцини е уште потешка, бидејќи има постојано зголемување на бројот на заразени лица.
„Имајќи во предвид дека, како што гледате, и во рамките на ЕУ земјите членки имаат потешкотии во врска со програмите за распределување на вакцините, бројките на новите заразени случаи се зголемуваат и во ЕУ тоа ја прави работата уште потешка. Да не се заборави дека ЕУ исто така фунцкионира врз база на системот на солидарност, и во овој контекст ќе профункционира системот и механизамот Ковакс. ЕУ ќе продолжи да ја дава својата поддршка и во контекст на вакцините, меѓутоа мора сите да бидеме свесни дека тоа е навистина многу долг процес. Вашата земја може секогаш да смета на поддршката на ЕУ“, рече амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија Дејвид Гир.
Гир исто така посочи дека ЕУ има многу направено во знак на поддршка на земјава во борбата со пандемијата.
„ЕУ од самиот почеток на пандемијата има дадено огромна суштествена финансиска помош. Не само во вашата земја туку и за целиот Западен Балкан, ЕУ донираше милиони парчиња медицинска опрема на здравствените власти, во вашата земја и целиот Балкан. Да не заборавиме дека ЕУ обезбеди суштествена финансиска помош 226 милиони евра на економијата на вашата земја сѐ со цел да може вашата економија да се справи со влијанието на пандемијата со ковид-19. Тоа е важно во такви услови кога вирусот вирее не само тука низ целиот свет. ЕУ ја даде оваа помош со цел да можат да се зачуваат работните места на луѓето и да можат да преживеат разните бизнис во вашата земја“, кажа Гир.
Евроамбасадорот Гир зборуваше и за проблемите кои ги има нашата земја околу почетокот на пристапните преговори за членство во ЕУ.
„Јас ја разбирам фрустрацијата поради непочетокот на преговорите со вашата земја. Во таква ситуација и во такви околности најдоброто решение и најдобриот пат напред е да можат да се удвојат напорите помеѓу двете земји се со цел да може да се дојде до договор кој ќе биде прифатлив за двете страни. Се разбира тоа и го прават Северна Македонија и Бугарија, тие се ангажирани цело време на начин да можат да дојдат до взамемно прифатливо решение, взамено прифатлив договор. Како втора работа што треба да се направи од вашата земја, тоа е да се продолжи со имплементација и реализација на процесот на реформите. Имплементација токму на тие реформи кои ќе ја приближат земјата до ЕУ и се разбира ќе доведе до крајната цел т. е. полноправно членство во ЕУ“, рече евроамбасадсорот Гир.
З. АНДОНОВ