ДРВЈАТА БЕА ЗАБЕТОНИРАНИ САМО ЕДЕН ДЕН ДОДЕКА ТРАЕ АСФАЛТИРАЊЕТО, ВЕЛАТ ОД ГРАД СКОПЈЕ

    ДРВЈАТА БЕА ЗАБЕТОНИРАНИ САМО ЕДЕН ДЕН ДОДЕКА ТРАЕ АСФАЛТИРАЊЕТО, ВЕЛАТ ОД ГРАД СКОПЈЕАсфалтот околу дрвјата денеска беше исечен и се оградува. (Фото: СДК.МК)

    Дрвјата на булеварот 8 Септември беа заробени во асфалт само еден ден додека траело асфалтирањето на велосипедската патека, објаснуваат од Град Скопје.

    Вчера на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои дрвјата на булеварот 8 Септември кај хотелот „Александар Палас“ се бетонирани. Од Градот објаснуваат дека при асфалтирање на велосипедски и пешачки патеки се асфалтира целиот потег, а веќе наредниот ден асфалтот околу дрвјата се сече.

    „Со градежната механизација нема начин да се остави простор околу дрвјата, но потоа тој се сече. Сликите беа направени во текот на градежните работи и не го претставуваат финалниот изглед на теренот. Сакаме да потенцираме дека при изградбата на новата вело патека, ниту едно дрво не е исечено или оштетено“, велат од Град Скопје.

    Град Скопје деновиве работи на изградба на велосипедска патека на булеварот 8 Септември, која треба да се протега до населбата Козле, но додека не се реши според меѓу „Настел“ и Општина Карпош за изградба на паркинг и пристапни улици тој дел нема да се прави. Од Град Скопје велат дека ако ја направат патеката, станарите кои се вселени во зградата која нема уште технички прием, ќе ја претворат во паркирааат.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари