ДРВО ПАДНА ВРЗ КОЛА ВО ДВИЖЕЊЕ ВО КАПИШТЕЦ

    ДРВО ПАДНА ВРЗ КОЛА ВО ДВИЖЕЊЕ ВО КАПИШТЕЦОд ЈП „Паркови и зеленило“ велат дека виновни што дрвото паднало се од фирмата која работи на реконструкција на улицата бидејќи го соголиле и откорнале дрвото. (Фото: СДК.МК)

    Дрво утрово падна врз кола која со патници се движеше низ улицата Васил Ѓоргов во населбата Капиштец кај ТЦ „Зебра“. Граѓани кои минувале покрај улицата за САКАМДАКАЖАМ.МК раскажуваат дека дрвото паднало дирекно врз колата, но за среќа патниците поминале без повреди бидејќи стеблото удрило врз хаубата на колата. Оштетена е само колата.

    Од ЈП „Паркови и зеленило“ велат дека виновни што дрвото паднало се од фирмата која работи на реконструкција на улицата.

    „Екипите кои работат на терен го соголиле и откорнале дрвото и затоа тоа паднало. Уште едно дрво е во ваква ситуација и тоа сега ќе го исечеме за да не дојде до друг ваков инцидент“, велат од ЈП „Паркови и зеленило“.

    Во вакви ситуација оштетените граѓани имаат право на тужба. Од „Паркови и зеленило“ велат дека во овој случај треба да биде тужена фирмата изведувач бидејќи поради нивна вина дрвото паднало.

    Град Скопје минатиот четврток почна да ја реконструира улицата Васил Ѓоргов. Градежните работи ги изведува фирмата „Ве груп“.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира