ДВАЈЦА МИГРАНТИ ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ОД ВОЗ КАЈ ГЕВГЕЛИЈА

    ДВАЈЦА МИГРАНТИ ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ОД ВОЗ КАЈ ГЕВГЕЛИЈАВо периодот на мигрантската криза во Македонија 2104-2016, над 30 луѓе загинаа по пругите додека беа на минување кон земјите на ЕУ (Фото: СДК.МК)

    Утрово околу 5 часот, патничкиот воз кој сообраќа од Гевгелија за Скопје на влезот во железничка станица Смоквица удрил двајца мигранти. Тие се потешко повредени и поради тоа пренесени на КАРИЛ во Скопје. МВР соопшти дека двете повредени лица се од Алжир и на возраст од 26 и 27 години.

    „Утрово во Болницата во Гевгелија со возило нa Итната помош беа донесени две повредени лица, мигранти удрени од воз. На истите им е пружена неопходната здравствена заштита, извршени се снимања и констатирани фрактура на глава кај едниот пациент кој е во тешка здравствена состојба и политрауми кај вториот пациент. И двете лица се префрлени на КАРИЛ во Скопје“, изјави директорот на ЈЗУ Општа Болница Гевгелија д-р Митко Крџев.

    Според претставник на железницата, во моментот кога наишол патничкиот воз група од шест лица лежела покрај пругата, четворицата избегале додека двете лица биле удрени од возот.

    Во периодот на мигрантската криза во Македонија 2104-2016, над 30 луѓе загинаа по пругите додека беа на минување кон земјите на ЕУ.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира