ЕДНО ЛИЦЕ ПОЧИНА ВО ПОЖАРОТ ЗАД „РАМСТОР“

    ЕДНО ЛИЦЕ ПОЧИНА ВО ПОЖАРОТ ЗАД „РАМСТОР“Починатото лице е маж кој во моментов кога избил пожарот бил во продавницата за гуми, но и покрај обидите на пожарникарите да го извлечат и спасат, не успеале во тоа. (Фото: Е.Бочвароска)

    Едно лице е почина во пожарот во објектот зад трговскиот центар „Рамстор“ на улицата Јордан Мијалков, велат од Министерството за здравство.

    Починатото лице е маж кој во моментов кога избил пожарот бил во продавницата за гуми, но и покрај обидите на пожарникарите да го извлечат и спасат, не успеале во тоа.

    Противпожарната бригада интервенираше со 8 возила и пожарот е локализиран. (Фото: Е. Бочвароска)

    Во пожарот едно лице било полесно повредено и како што велат од Министерството по укажаната помош на Брзата помош било пуштено дома.

    Пожарот на улицата Јордан Мијалков изби околу 12 часот. Црн чад се ширеше во центарот на градот поради запалените гуми во објектот.

    Е. БОЧВАРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира