ЕСМ ЌЕ ГО ПРЕЗЕМЕ УПРАВУВАЊЕТО СО ТОПЛАНАТА „СЕВЕР“

    ЕСМ ЌЕ ГО ПРЕЗЕМЕ УПРАВУВАЊЕТО СО ТОПЛАНАТА „СЕВЕР“Од почетокот на грејната сезона топланата има постојано проблеми со испораката на топлинска енергија, па домовите на граѓаните и школите од Чаир и Бутел се без греење.(Фото: СДК.МК)

    ЕСМ ќе го преземе управувањето и со скопската топланата „Север“. Од почетокот на грејната сезона топланата има постојано проблеми со испораката на топлинска енергија, па домовите на граѓаните, школите, градинките и институциите од Чаир и Бутел се без греење.

    Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека проблемот со топланата „Север“ ќе се реши со нејзино преземање од ЕСМ како што беше случајот со топланите „Исток“ и „Запад“.

    Раководството на топланата ‘Север’ денеска има состанок во ЕСМ каде што треба да ги завршат преговорите, да потпишат договор за деловно-техничка соработка и да се обезбеди затоплување на граѓаните во Општините Чаир и Бутел, како и на институциите градинките и школите“, кажа Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање при посетата на магистралната гасоводна делница во Кавадарци.

    Топланата „Север“ месецов почна да работи и на мазут со образложение дека немаат пари да купат гас, па ги користат резервите од мазут. На 24 ноември од Секторот за животна средина на Град Скопје доби забрана за користење на мазут.

    Ковачевски денеска кажа дека направена е набавка на гас за месец декември односно граѓаните на Скопје нема да останат без парно греење.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира