ФИРМАТА „БАУЕР“ КАЗНЕТА СО 88.000 ЕВРА ОТИ ФРЛАЛА ШУТ ВРЗ ЦЕВКАТА ЗА ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ВО СКОПЈЕ

    ФИРМАТА „БАУЕР“ КАЗНЕТА СО 88.000 ЕВРА ОТИ ФРЛАЛА ШУТ ВРЗ ЦЕВКАТА ЗА ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ВО СКОПЈЕОд почетокот на проектот за подобрување на инфраструктурата за собирање на отпадните води во Скопје, во населбата Ново Лисиче во 2018. (Фото: Архивска фотографија Град Скопје)

    Градежната фирма „Бауер“ е казнета од Град Скопје со 88.000 евра поради фрлање шут на јавна површина. Како што велат од Инспекторатот за животна средина на Град Скопје, за САКАМДАКАЖАМ.МК , фирмата „Бауер“ фрлала ѓубре врз цевката од пречистителната станица која треба да се гради.

    „Фирмата Бауер е подизведувач во градежните работи за изградба на пречистителна станица.Нивни камион е фатен како истура ѓубре врз цевката, а врз неа не смее да има ништо“, велат од Инспекторатот.

    Казната е според новиот закон за животна средина, со кој казните за загадувачите беа зголемени за 20 пати.

    „Мора да има системски решенија и секој мора да ги почитува законите кои ќе се спроведуваат неселективно. Град Скопје нема да толерира ниту едно физичко или правно лице кое ја загадува околината и со тоа влијае на загадување на воздухот, почвата и водите, и свесно го загрозува здравјето и животот на скопјани, а секое прекршување ќе биде соодветно санкционирано“, велат од Град Скопје.

    Од фирмата „Бауер“ во допис до медиумите велат дека не се точни информациите дека фрлале шутна јавна површина.

    „ Ние изведуваме градежни активности во реонот на поранешна депонија Вардариште, каде при ископите за поставување на цевки локално и внатрешно се разнесува и отпад кој проеизлегува од самата депонија. Напоменуваме дека сите активности се одвиваат согласно договрот и во зона на градежен опфат на изведба на фекалниот колектор“, велат од фирмата.

    Пречистителната станица за отпадни води во Скопје треба да биде изградена до 2025, за што ќе бидат инвестирани 136,73 милиони евра од кои дел се заеми од Европската банка за обнова и развој и од Европската инвестициска банка. Договорот е потпишан во декември 2019, а во реализацијата на проектот ќе бидат вклучени Министерството за животна средина и просторно планирање, Град Скопје и јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира