ФИЗИКАЛНОТО ОДДЕЛЕНИЕ Е НОВ КОВИД-ЦЕНТАР ВО ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА, МОЖЕ ДА ПРИМИ 24 ПАЦИЕНТИ

    ФИЗИКАЛНОТО ОДДЕЛЕНИЕ Е НОВ КОВИД-ЦЕНТАР ВО ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА, МОЖЕ ДА ПРИМИ 24 ПАЦИЕНТИНа Физикалното одделение има 24 кревети, а за лекување на пациентите освен инфектолози се ангажирани и специјализанти. (Фото: СДК.МК)

    Од денеска, Физикалното одделение во Велешката болница е нов, дополнителен ковид-центар. Има капацитет за 24 пациенти, речиси половина од капацитетот на Инфективното одделение каде може да се сместат 54 пациенти со ковид-19.

    За лекување на пациентите позитивни на ковид-19, освен тројцата инфектолози се ангажирани и специјализанти.

    „Моментално, на Физикалното одделение се сместени седум пациенти, а дежураат доктори специјализанти, вработени во болницата. Ангажирани се седум специјализанти, тројца специјализанти по интерна медицина, по еден од неврологија, хирургија, ортопедија и ренгенологија. На Инфективното одделение од јули во дежурствата беа вклучени четворица интернисти, а од овој месец се вклучени уште тројца, како и кожниот доктор“, кажа портпаролката д-р Весна Николовска-Неделкова.

    На Инфективното и на Физикалното одделение до пладне биле хоспитализирани 50 пациенти, 49 се потврдено позитивни, а еден е суспектен. Денес биле испишани шест пациенти, а 16 пациенти се на кислородна поддршка.

    Денеска од болницата соопштија дека почина велешанец на 79-годишна возраст, кој бил на Инфективното одделение. Според надлежните, болниот во текот на вчерашниот ден бил префрлен од Интерното одделение, каде се лекувал од хипертензија и дијабетес, а кај него било потврдено присуство на ковид-19.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира