ФОЛ БЕШЕ ЗАПИРАЊЕТО НА ПРОДАЖБАТА НА ОФИЦЕРСКИОТ ДОМ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ФОЛ БЕШЕ ЗАПИРАЊЕТО НА ПРОДАЖБАТА НА ОФИЦЕРСКИОТ ДОМ

    Фол на власта беше повлекувањето на огласот за продажба на Офицерскиот дом во Битола, вели Влатко Деловски од иницијативата „Битола не е  на продажба“, учесник на  фестивалот за современа уметност АКТО во Битола. Деловски вели дека повлекувањето на огласот беше само краткотрајно решение за незадоволството на граѓаните, а потоа не се презеде ништо и Офицерскиот дом продолжи да пропаѓа.

    „Тој фол на повлекување на огласот не ги реши проблемите. Комплетна руина е Офицерскиот дом. Грижата треба да биде пред сѐ. Институциите треба да понесат грижа, одговорност, чистење на објектот, режиските трошоци и ако јавните простори не можат да ја имаат првичната намена како порано, идејата е да има алтернативно решение, односно да биде пренаменет за културни цели, во што ќе учествува граѓанинот“, рече Деловски.

    АКТО фестивалот се занимава и со локалните проблеми на заедниците, па состојбата на Офицерскиот дом беше посочена како проблем кој подолго време ги загрижува битолчани. Станува збор за архитектонскиот бисер на Широк Сокак изграден од времето на Абдул Керим Паша во 1911 година, објектот со грандиозна архитектура каде, според преданијата, во минатото се одржувале битолските балови.

    Влатко Деловски од иницијативата „Битола не е на продажба“ (десно) и Никола Наумовски од „Плоштад Слобода“, учесници на фестивалот за современа уметност АКТО што е во тек во Битола (Фото: СДК.МК)

    Влатко Деловски од иницијативата „Битола не е на продажба“ (десно) и Никола Наумовски од „Плоштад Слобода“, учесници на фестивалот за современа уметност АКТО што е во тек во Битола (Фото: СДК.МК)

    Денес сликата на објектот е жална. Фасадата се распаѓа, влага ги нагризува ѕидовите, прозорците се искршени, а од внатрешноста сѐ што можеше да се украде, од радијатори до паркет, се однесе. Државата се обиде да се ослободи од објектот и во јануари годинава го огласи на продажба по почетна цена од 930.000 евра. Ова ја дигна Битола на нозе, па по протестите власта се откажа од продажбата, а тогашниот премиер Никола Груевски изјави дека објектот ѝ се отстапува на Општина Битола. Освен што се заклучија вратите за да не влегуваат внатре бездомници, друго не е преземено.

    Токму Офицерскиот дом беше означен како сива зона во весникот „Активни заедници“ што го подготвуваат граѓански здруженија, а беше промовиран на АКТО Фестивалот во Битола.

    „Идејата беше да се сврти вниманието не само за Офицерскиот дом, туку дека слични работи им се случуваат на касарната каде се градат станбени објекти, полигонот за полагање возачки испит кој сега е приватен паркинг, сличен случај имаме со планинарскиот дом Копанки кој е руина,  поставувањето рампа во националниот парк Пелистер, џепането кое се распаѓа, па турската бања“, рече Деловски.

    Од граѓанските здруженија учесници на АКТО порачаа дека јавен простор не е на продажба, не смее да им се дава на приватници кои ќе го користат за комерцијални цели.

    „Треба да се градат културни домови како Офицерски дом, наместо да се прават казина и да се затвораат за приватни сопственици и нивните богати пријатели кои би доѓале да се коцкаат. Не само на општинско ниво, туку и на државно има општа негрижа за она што е заедничко. Секој што е на власт сака да го крчми тоа што му е дадено на управување и да го пренесе во нечија сопственост“, рече Никола Наумовски од „Плоштад Слобода“.

    АКТО фестивалот кој по 11 пат се одржува во Битола, годинава има за цел да ја истакне моќта на колективите и нивните активности. Во фабричката хала на „Фрижидери“ во Битола се одржуваат дискусии, настапи, изложби, концерти.

    Фестивалот е поддржан од УСАИД.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира