ГЕРАСИМОВСКИ БАРА ВОНРЕДЕН НАДЗОР НА ПЛАНОТ ЗА ВОДНО ОД ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО

    ГЕРАСИМОВСКИ БАРА ВОНРЕДЕН НАДЗОР НА ПЛАНОТ ЗА ВОДНО ОД ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЗА ГРАДЕЖНИШТВОГерасимовски бара надзор на блоковите 10, 28 и 43 каде се планираат нови градби, а за што се сече зеленило. (Фото: Општина Центар)

    Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски испрати барање до Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам за вонреден инспекциски надзор на Деталниот урбанистички план (ДУП) за Водно.  Герасимовски бара надзор на блоковите 10, 28 и 43, односно каде се планираат нови градби, а за што се сече зеленило.

    Овој чекор доаѓа откако советниците од „Шанса за Центар“ на последната седница на Советот побараа да се донесе одлука за вонреден надзор, пренесувајќи ги барањата на жителите од улиците Козара, Питу Гули и Салвадор Аљенде.

    „Од причини што Советот даде задолжение на градоначалникот да се обрати до вас, бараме во рамките на вашите законски надлежности, да ја испитате околноста, можностите и рамките за извршување на вонреден инспекциски надзор врз ДУП Градска четврт Ј 07 донесен на 18.7.2014 околу неговото донесување, особено за блоковите 10, 28 и 43 и за истото да нѐ известите во најкус можен рок“, се вели во барањето испратено до Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам“, се вели во барањето.

    Барањето за вонреден надзор е за локацијата каде пред Нова година приватната фирма „Маркеза“ почна да оградува просторот среде шума за да гради куќа, откако добила дозвола за градба од минатото раководство на Општината. До плацот каде што ќе се гради нема пристапен пат, па жителите стравуваат дека ова е почетокот за целосна урбанизација на овој дел од Водно и отворање пат до парцели на семејството Камчеви и Груевски за кои се води судска постапка.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира