Од 30 до 35 пешаци во државата годишно гинат во сообраќајни несреќи, покажува статистиката на МВР. Особено небезбедни се младите лица кои додека се движат низ улици и преминуваат пешачки премин пишуваат или разговараат на мобилен телефон.
Денеска во рамките на кампањата „И јас и ти сме пешаци“ организирана од МВР, Републичкиот совет и Факултетот за безбедност, во Битола беа упатени апели да не се користат мобилни телефони и слушалки додека пешаците минуваат на пешачки премин и да се преминуваат улиците само на места означени за таа намена.
„Постојано да се зборува со младите луѓе, зашто тие понекогаш несвесни за опасностите преминуваат улица надвор од пешачки премин, невнимателно користат мобилни телефони и тоа ги загрозува нив, но и тие ги загрозуваат другите учесници во сообраќајот. Затоа работиме со превентивни активности во средните учлилишта и факултетите“, рече деканот на Факултетот за безбедност Никола Дујовски.
Ж. ЗДРАВКОВСКА