ГОРИ 50 ХЕКТАРИ ДАБОВА ШУМА ПОМЕЃУ ОРЕШЕ И ПАПРАДИШТЕ НА ДАУТИЦА

    ГОРИ 50 ХЕКТАРИ ДАБОВА ШУМА ПОМЕЃУ ОРЕШЕ И ПАПРАДИШТЕ НА ДАУТИЦАОгнот не е локализиран, попладнево гасеше и еден воен хеликоптер, а интервенцијата продолжува утре. (Фото: СДК.МК)

    Голем шумски пожар ја зафати шумата во регионот на Азот, на планината Даутица, помеѓу селата Ореше и Папрадиште. Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), огнот зафатил површина од 50-тина хектари даб, а попладнево таму бил испратен и хеликоптер на АРМ.

    „Огнот не е локализиран, попладнево гасеше и еден воен хеликоптер. Локализирањето на пожарот продолжува утре. На местото се екипи од 20-тина вработени на Шумското стопанство ‘Бабуна’ од Велес“, кажаа од Центарот за управување со кризи.

    Огнот е регистриран вчера околу 11 часот. Мештани од Папрадиште посочуваат дека оган имало уште во неделата вечер за што пријавиле кај надлежните.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира