ГОРИ МАГАЦИН ВО ДВОРОТ НА ПОРАНЕШНАТА ФАБРИКА „ТРЕСКА“ ВО СКОПЈЕ

    ГОРИ МАГАЦИН ВО ДВОРОТ НА ПОРАНЕШНАТА ФАБРИКА „ТРЕСКА“ ВО СКОПЈЕПокрај објектот гори и пластика и затоа чадот беше толку темен. (Фото: СДК.МК)

    Пожар изби во дворот на поранешната фабрика „Треска“ во скопската општина Центар. Како што изјавија за САКАМДАКАЖАМ.МК од Центарот за управување со кризи (ЦУК), гори магацински простор.

    „На бројот 112 беше пријавен пожар во фабриката ‘Треска’ и на терен во моментов го гасат 6 возилата на Пожарната на Град Скопје. Покрај објектот гори и пластика и затоа чадот е толку темен. Се интервенира, и кога ќе бидат изгаснат ќе информираме“, ни изјавија од ЦУК.

    Кусо по пристигнувањето на пожарникарите, полицијата почна ги трга сите присутни од местото поради опасност од експлозии. Пожарникарите не можат да стасаат поблиску до пожарот.

    Улицата Теодосиј Гологанов е блокирана.

    „Нешто силно пукна, мислевме дека е принтерот и веднаш потоа видовме голем чад отспротива“, ни рече вработена во фирма на Рузвелтова што гледа кон комплексот на поранешните погони на фабриката за мебел.

    Просторот кај „Треска“ е актуелен поради новите згради кои таму треба да се градат и битката на граѓанските организации со Општина Центар и инвеститорите да не се дозволи и тој дел да се бетонизира.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира