ГРАД ГИ ИСЧУКА ЈАБОЛКАТА ВО ПРЕСПА НА ДВЕ НЕДЕЛИ ПРЕД БЕРБАТА

    ГРАД ГИ ИСЧУКА ЈАБОЛКАТА ВО ПРЕСПА НА ДВЕ НЕДЕЛИ ПРЕД БЕРБАТАОвоштарите велат дека оваа е многу лоша година, зашто по пролетните мразеви во април кои уништија 90 проценти од овошните насади и градот кој падна во јули, вчерашното невреме го сотре родот (Фото: СДК.МК)

    На половина месец пред почетокот на јаболкоберот, силно невреме проследено со град синоќа пред време го обра јаболковиот род во Преспа. Жителите од овој крај раскажуваат дека невремето не траело долго, но врнежите од град биле силни така што го исчукале јаболката.

    Од невремето беа зафатени повеќе села во Преспа, како Подмочани, Грначари, Претор, Асамати и други.

    Овоштарите велат дека оваа е многу лоша година, зашто по  пролетните мразеви во април кои уништија 90 проценти од овошните насади и градот кој падна во јули, последново невреме го сотре родот.

    Годинава се очекува производството на јаболка во Преспа да биде десеткувано. Во овој крај дури 70 проценти од домаќинствата се занимаваат со овоштарство.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира