ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ДОНИРА 100.000 ЕВРА ЗА ПОМОШ НА НАСТРАДАНИТЕ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТУРЦИЈА И СИРИЈА

    ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ДОНИРА 100.000 ЕВРА ЗА ПОМОШ НА НАСТРАДАНИТЕ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТУРЦИЈА И СИРИЈАНа Плоштадо Македонија се собира хуманитарна помош за Турција и Сирија. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Советот на Град Скопје на денешната вонредна седница донесе одлука за доделување парична помош за погодените подрачја од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија во висина од 6 милиони денари.

    Како што соопшти Градот, средствата ќе се уплатат преку сметката за хуманитарна помош на Црвен Крст на Македонија, а се обезбедуваат од ставката за непредвидени расходи на градскиот буџет.

    Вчера Град Скопје испрати и интервентна екипа на Противпожарната единица на Град Скопје за помош при спасувачката мисија во Газиантеп.

    Генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ д-р Саит Саити рече дека граѓаните наМакедонија и овојпат ја покажуваат својата солидарност на дело. Заклучно со вчера, преку донаторските телефонски линии се собрани вкупно 3.363.800 денари, а во Фондот на солидарност на Црвен крст на РСМ се уплатени вкупно 6.467.192 денари. Вкупно се собрани 9.830.992 денари. Исто така, Црвениот крст од своите стокови резерви издвои 1.000 семејни пакети со храна, 1.500 хигиенски пакети и 4.000 ќебиња.

    Непознат број луѓе останува заробен под урнатините на широко подрачје од стотици километри во Турција и Сирија, а спасувачите се во трка со времето да стигнат до нив. Бројот на жртвите драматично расте од час во час и досега е потврдено дека загинале 11.300 луѓе во двете земји.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира