ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ДОНИРА ВОЗИЛО ЗА ГАСЕЊЕ ПОЖАРИ И ОПРЕМА ЗА ПРОТИВПОЖАРЕН БРОД НА ЕКОЛОГИСТИ ОД ОХРИД

    ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ДОНИРА ВОЗИЛО ЗА ГАСЕЊЕ ПОЖАРИ И ОПРЕМА ЗА ПРОТИВПОЖАРЕН БРОД НА ЕКОЛОГИСТИ ОД ОХРИДОпремата и возилото ќе им помогне за гасење на пожари во Охрид. (Фото:СДК.МК)

    Град Скопје ќе донира возило за гасење на пожари и опрема за протипожарен брод на еколошко здружение од Охрид. На утрешната седница на Советот на Град Скопје ќе се одлучува за давање донацијата на здружението „ЕКО ФАП“ од Охрид. Како што објаснуваат од Градот, ова здружение дејствува доброволно и организира еколошки акции за расчистување диви депонии во градот Охрид и во околината. Исто така, организира самоиницијативно учество во гасење пожари, помош на населението при елементарни непогоди и хаварии на вода и давање помош на социјално загрозени семејства.

    „Преку донацијата здружението ќе има можност да ги прошири своите активности. Целта е оптимално одговарање на предизвиците при расчистување на дивите депонии на брегот на Охридското езеро и во Националниот парк Галичица. Градот ја цени и поздравува иницијативноста на ова здружение и, преку оваа соработка, сака да мотивира слични дејства кои ќе придонесат за развивање на сите општини, заедничка соработка и активирање на граѓанските организации“, велат од Град Скопје.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира