ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ЈА УРИВА ПЕРАЛНАТА КОЈА ТРИ ГОДИНИ СТОИ СРЕДЕ БУЛЕВАРОТ ТРЕТА МАКЕДОНСКА БРИГАДА

    ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ЈА УРИВА ПЕРАЛНАТА КОЈА ТРИ ГОДИНИ СТОИ СРЕДЕ БУЛЕВАРОТ ТРЕТА МАКЕДОНСКА БРИГАДАПоради пресечениот булевар од автопералната, ова место изминативе три години е црна точка во Скопје. (Фото: СДК.МК)

    Пералната која буквално се наоѓа среде булеварот Трета македонска бригада во Општина Аеродром, ќе се урива пролетва, најавуваат од Град Скопје.

    Веќе трета година откако улицата беше проширена во булевар е пресечена со времен објект, автоперална. Ексградоначалникот Коце Трајановски при пуштањето на булеварот кажа дека за објектот имало постапка за експропријација и затоа не можеле да ја урнат пералната, па булеварот во еден дел наместо две има една коловозна лента.

    Поради пресечениот булевар, ова место изминативе три години е црна точка во Скопје. Никаде на булеварот нема сообраќајни знаци за предупредување, па во овој дел се случија повеќе сообраќајни несреќи, дури и со жртви.

    Градоначалникот Петре Шилегов вели дека овој проблемот кој го затекнал нерешен од неговиот претходник Трајановски конечно е отстранет, односно завршена е постапката за експропријација и наскоро ќе почне пробивањето на тој дел од булеварот.

    „Судската одлука наредната недела ќе стане правосилна, по што ќе можеме уривање на пералната, а потоа и ќе го асфалтираме тој дел, со што оваа сообраќајница нема повеќе да биде пресечена и небезбедна каква што ја направи минатото раководство на Градот“, вели Шилегов.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари