ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ПРАВИ ЗИПЛАЈН ОД КАЛЕ ДО ПАРК

    ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ПРАВИ ЗИПЛАЈН ОД КАЛЕ ДО ПАРКЗиплајнот која ќе се спушта од Музејот на современа уметност на Кале до Градскиот парк кај стадионот а изградбата ќе чини од 2 до 3 милиони денари.(Фото: Ѓ. Личовски)

    Град Скопје ќе гради зиплајн, жичница која ќе се спушта од Музејот на современа уметност на Кале преку реката Вардар до Градскиот парк кај стадионот.

    Адреналинската жичница, според проектот ќе биде во должина од 400 метри, ќе биде опремена со соодветна безбедносна опрема и систем за кочење со кој ќе се регулира брзината на движењето. Тендерот за изградба на жичницата ќе биде распишан пролетва а со неа ќе стопанисува ЈСП „Скопје“ или приватен концесионер.

    „За изградбата на оваа нова туристичка и рекреативна содржина предвидено е да се потрошат меѓу 2 и 3 милиони денари. При тоа процесот на градење не предвидува градење на објекти кои непотребно би зафаќале дополнителен простор на почетната и крајната точка од жицата“, велат од Град Скопје.

    Од Град Скопје велат дека ја разгледуваат можност за изградба на уште една жичница која е предвидено да биде сместена кај кањонот Матка, но заради административните пречки кои предвидуваат вклучување на повеќе институции, за реализацијата на овој проект ќе биде потребен подолг временски период.

    „Зиплајнот во Скопје ќе ја зголеми туристичката и рекреативна понуда на градот и несомнено ќе го стави Скопје во редот на модерните европски градови кои посветено работат на унапредувањето на туризмот преку изградба на атрактивни објекти со потенцијал да привлечат нови туристи од земјата и регионот“, додаваат од Градот.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира