ГРАД СКОПЈЕ СТАВА ДАСКИ НА КЛУПИТЕ НА ПЛОШТАД МАКЕДОНИЈА ОТКАКО САКАМДАКАЖАМ.МК ОБЈАВИ ФОТОРЕПОРТАЖА ОД РАСПАДНАТИОТ ЦЕНТАР

    ГРАД СКОПЈЕ СТАВА ДАСКИ НА КЛУПИТЕ НА ПЛОШТАД МАКЕДОНИЈА ОТКАКО САКАМДАКАЖАМ.МК ОБЈАВИ ФОТОРЕПОРТАЖА ОД РАСПАДНАТИОТ ЦЕНТАРОткако редакцијата САКАМДАКАЖАМ.МК пред два дена објави текст дека се украдени даските и фоторепортажа дека центарот на градот е запуштен, денеска екипи излегоа да интервенираат. (Фото: СДК.МК)

    Екипи од Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ од утрово поставуваат нови даски на клупите на Плоштад Македонија.

    Половина од клупите на централниот Плоштад во главниот град со месеци стоеја само со железни рамки оти даските беа украдени. Но, никој од Град Скопје не приметуваше и не беше даден налог за менување и оспособување на клупите.

    Откако редакцијата САКАМДАКАЖАМ.МК пред два дена објави текст дека се украдени даските и фоторепортажа дека центарот на градот е запуштен, денеска екипи излегоа да интервенираат.

    Од ЈП „Комунална хигиена“ по објавување на фоторепортажата „Мизерија и распад на модерното Скопје на градоначалничката Арсовска“ се заканија со тужба на редакцијата на САКАМДАКАЖАМ.МК. Од претпријатието побараа извинување во рок од 48 часа и повлекување на текстот во спротивно ќе биле приморани да поднесат тужба.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира