ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЛУКРОВСКИ НЕ ДОЈДЕ НА СВЕЧЕНОТО ОТВОРАЊЕ БАЗЕН ВО КАРПОШ, УШТЕ Е НА БОЛЕДУВАЊЕ

    ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЛУКРОВСКИ НЕ ДОЈДЕ НА СВЕЧЕНОТО ОТВОРАЊЕ БАЗЕН ВО КАРПОШ, УШТЕ Е НА БОЛЕДУВАЊЕНа свеченоста за отварањето на базенот присуствуваа премиерот Христијан Мицскоски, директорот на Агенцијата за млади и спорт Борко Ристовски, заменик-градоначалникот Неделчо Крстевски, но не дојде градоначалникот Сотир Лукровски, кој уште е на боледување. (Фото: Општина Карпош)

    Денеска е пуштен во употреба чилишен базен во Општина Карпош, до спортската сала „Партизан“. Станува збор за базен со длабочина од 0,80 до 1,20 метри, со ширина од 9 метри и должина од 25 метри. Базенот се градеше со средства од Агенцијата за млади и спорт и чини околу 760.000 евра.

    Денеска беше предаден во владение на Општина Карпош.

    На свеченоста за отварањето на базенот присуствуваа премиерот Христијан Мицскоски, министерот за спорт и млади Борко Ристовски, заменик-градоначалникот Неделчо Крстевски, но не дојде градоначалникот Сотир Лукровски, кој уште е на боледување.

    Премиерот Мицкоски не сакаше да одговори на прашањето до кога ќе биде на боледување Лукровски, со оглед дека отсуствува од работното место еден месец.

    „Тоа се лични моменти и не би сакал да коментирам и ги осудувам сите оние политички глодари коишто на туѓата мака се обидуваат да добијат политички поени“, изјави Мицкоски.

    Лукровски е на боледување од 7 мај. Боледувањето од матичен лекар му траеше две недели и после тоа треба да му биде продолжено од надлежна лекарска комисија.

    Ексградоначалникот Стевчо Јакимовски на 26 мај на прес-конференција изјави дека актуелниот градоначалник Сотир Лукровски боледува од неработење и неодговорност и оти се шета низ трговскиот центар „Сити мол“ додека му трае боледувањето.

    „Во Македонија се појави нова медицинска гранка, ниту е кардиологија, ниту е неврологија, ниту е психијатрија. Во Македонија изгледа се појави таа нова медицинска гранка што се вика ‘шопинг-медицина’. Новата терапија, очигледно, се спроведува околу ‘Сити мол’ и во ‘Сити мол’. Малку во ‘Ејч енд ем’ малку во ‘Зара’, па прошетка покрај ‘Нептун’ до горните гаражи, па од тука на комисиско боледување. И сето тоа на товар на граѓаните“, рече тогаш Јакимовски.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира