ГРАДСКИОТ ПАРК ПРЕТВОРЕН ВО ПАРКИНГ, ПОЛИЦИЈА И ИНСПЕКТОРИ ОД ГРАД СКОПЈЕ НЕМА ВО НЕДЕЛА

    ГРАДСКИОТ ПАРК ПРЕТВОРЕН ВО ПАРКИНГ, ПОЛИЦИЈА И ИНСПЕКТОРИ ОД ГРАД СКОПЈЕ НЕМА ВО НЕДЕЛАРампата која е поставена во делот на кејот кај Луна паркот беше крената па возила можеа слободно да влегуваат во паркот.(Фото: СДК.МК)

    Вториот дел на Градскиот парк во Скопје е претворен во паркинг. Колони автомобили слободно влегуваа во паркот, а полиција и инспектори од Град Скопје немаше никаде, оти е недела.

    Пешачките патеки и тревата околу штандовите на кои се изложуваше и продаваше цвеќе беа блокирани од испаркирани автомобили.(Фото: СДК.МК)

    На почетокот на стариот дел на паркот, веднаш до летните дискотеки викендов се одржува „Цветен фестивал“ во организација на Град Скопје и Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“. Рампата која е поставена во делот на кејот кај Луна паркот беше крената па возила можеа слободно да влегуваат. Пешачките патеки и тревата околу штандовите на кои се изложуваше и продаваше цвеќе беа блокирани од испаркирани автомобили. Редици возила имаше на сите страни. Дел од граѓаните со возилата си доаѓаа до штандовите и купеното цвеќе си го ставаа во багажникот. И оние кои доаѓаа на прошетка во парк го искористија слободниот влез во паркот па си ги паркираа колите на патеките и зеленилото.

    Колони автомобили слободно влегуваа во паркот, а полиција и инспектори од Град Скопје немаше никаде. (Фото: СДК.МК)

    Од Град Скопје и ЈП„Паркови и зеленило кои се надлежни за Градскиот парк не добивме oдговор зошто рампата кај Луна паркот беше кренaта и зошто дозволија автомобилите слободно да влегуваат и буквално да го блокираат паркот.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира