ХЕРА СО ПОВИК ДО УМЕТНИЦИТЕ ДА ДОНИРААТ ДЕЛА, ПАРИТЕ ОД ПРОДАЖБАТА ЌЕ ОДАТ ЗА ДЕЦА И СЕМЕЈСТВА ЖРТВИ НА НАСИЛСТВО

    ХЕРА СО ПОВИК ДО УМЕТНИЦИТЕ ДА ДОНИРААТ ДЕЛА, ПАРИТЕ ОД ПРОДАЖБАТА ЌЕ ОДАТ ЗА ДЕЦА И СЕМЕЈСТВА ЖРТВИ НА НАСИЛСТВОСобраните средства од продажбата ќе се искористат за: психо-социјална поддршка за децата жртви на семејно насилство, организирање креативни катчиња, обезбедување училишна опрема и детски пакети со нутритивни намирници и средства за хигиена (Фото: Фејсбук)

    Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување ХЕРА организира акција преку која ги кани сите уметници од Македонија да донираат уметнички дела за прибирање средства за децата и семејствата жртви на семејно насилство – штитеници на Првиот семеен центар во Град Скопје (ПСЦ). Делата ќе бидат изложени на аукцијата „Една слика – една можност“ што ќе се одржи во март/април во Скопје, а собраните средства ќе се искористат за психо-социјална поддршка за децата жртви на семејно насилство, организирање креативни катчиња, обезбедување училишна опрема и детски пакети со хранливи намирници и средства за хигиена.

    Првиот семеен центар во Скопје е специјализирано советувалиште на ХЕРА кое им нуди советување на семејства кои се во конфликтни односи, во кои акутно се врши насилство или пак, во кои постоело семејно насилство. Во 2017 година, во ПСЦ се дадени 876 услуги на 208 корисници од кои 90 биле жртви на семејно насилство, 29 сторители на семејно насилство, 43 малолетни деца, а 46 други членови на семејството.

    Од ХЕРА велат дека делата може да се донираат до 15 март, а повеќе информации има на нивната интернет страница www.hera.org.mk.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира