Општина Велес продава опожарена дрвна маса, објави локалната власт. Предмет на продажба е дрвната маса од подрачјето околу езерото Младост, кое го зафати голем пожар на 26 август. Ова беше изненадување бидејќи и таа се јавува како сопственик на дрвната маса, како и ЈП „Македонски шуми“, кое претходно информираше дека го расчистува теренот, а опожарените дрвја ги носи на дробење во квасарата во Битола.
Од Општина Велес со објаснување ја расчистуваат дилемата која дрвна маса тие ја продаваат.
„Опожарените дрвја кои ги нудиме за откуп се во делот на градежната зона. Таа според ДУП е во владение на Општина Велес. Таму требаше да се градат дел од содржините од Смарт езерото Младост. И токму затоа и се расчистува, за да може да се работи на тие површини, кои се сопственост на локалната власт. Според стручните лица, истите се толку многу изгорени што не се употребливи за што било и затоа се продаваат за преработка“, велат од Општина Велес.
Засега немаат проценка колку опожарена дрвна маса се продава.
П. ПЕЧКОВ