ИМ ВЕТУВААТ ДЕКА ЌЕ ИМ ПУШТАТ СТРУЈА ОД СРБИЈА АКО ГЛАСААТ ЗА НИВ

    ИМ ВЕТУВААТ ДЕКА ЌЕ ИМ ПУШТАТ СТРУЈА ОД СРБИЈА АКО ГЛАСААТ ЗА НИВБез најава струјата ја снемало уште во вторников вечер

    Жителите на селата Татариновац, Сејдинце, Петровцe и Сушeво, кои се наоѓаат во општина Старо Нагоричане на самата македонско-српска граница, се жалат дека два дена се без електрича енергија, а не знаат од кои причини.

    Во четирите села живеат околу 200 жители. Тие добиваат струја од Србија, оти системот е како во времето на СФРЈ.

    Жителите тврдат дека членови на одредена политичка партија им ветувале дека ќе им помогнат да им се пушти струјата само ако гласаат за нив. Во спротивно Србија нема да ги снабдува со струја ако тие на изборите гласаат за нивните политички опоненти.

    „Без никаква најава струјата ја снема во вторникот околу 21 часот. Не се посомневавме во ништо, сметајќи дека ќе дојде наредниот ден. Но, еве два дена и трета ноќ седиме во мрак. Осветлуваме на свеќи, газиени ламби, палиме алкохол, се снаоѓа кој со што има. Ни се расипа храната во фрижидерите, млекото немаме каде да го чуваме, а ние од тоа живееме. Отсечени сме од светот“, – ни изјави еден од мештаните.

    Тие се обратиле до Електростопанството на Србија (ЕПС) во Врање и Бујановац каде им било речено дека се работи за дефект, кој требало да им биде отстранет уште вчера, ама селата уште се во мрак.

    С. НИКОЛИЌ

     

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира