ИНДУСТРИСКИ ОТПАД Е ПУШТЕН ВО ВАРДАР, ИНСПЕКТОРАТОТ ЗА ВОДИ ТРЕБА ДА ГО ОТКРИЕ И КАЗНИ ЗАГАДУВАЧОТ, РЕЧЕ ШИЛЕГОВ

    ИНДУСТРИСКИ ОТПАД Е ПУШТЕН ВО ВАРДАР, ИНСПЕКТОРАТОТ ЗА ВОДИ ТРЕБА ДА ГО ОТКРИЕ И КАЗНИ ЗАГАДУВАЧОТ, РЕЧЕ ШИЛЕГОВВчера по течението на реката Вардар од населбата Ново Лисиче до Трубарево беше забележан помор на риби.(Фото: Фејсбук)

    Индустриски отпад вчера бил испуштен во реката Вардар, по што дојде по загадување на водата и помор на риби, кажа денеска градоначалникот Петре Шилегов. Тој не сакаше да каже кој е загадувачот, велејќи дека надлежноста за испитување и водење на овој случај е на Инспекторатот за води во Министерството за животна средина.

    „Во текот на денешниот ден сите наши анализи кои се направија во лабораторијата на ’Водовод и канализација‘ ќе бидат предадени на инспекторите за води во Министерството за животна средина. Јас ќе барам најстрого казни бидејќи не смееме да правиме компромиси кога некој си игра со животната средина. Ќе мора да разберат сите правни субјекти и физички лица дека ќе сносат сериозна одговорност дури и кривична, кога се загрозува животната средина“, рече градоначалникот Петре Шилегов.

    Вчера по течението на реката Вардар од населбата Ново Лисиче до Трубарево беше забележан помор на риби. Инспекторите од Град Скопје кои вчера беа на терен и земаа мостри од водата за да се направат испитувања, се сомневаа дека загадувањето е од индустриските капацитети во кругот на фабриката „Железара“.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира