ИНСПЕКТОРИ И КОМИСИЈА ЗА СТРУЧЕН НАДЗОР ЈА ИСПИТУВААТ СМРТТА НА НОВОРОДЕНЧЕТО ВО БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА

    ИНСПЕКТОРИ И КОМИСИЈА ЗА СТРУЧЕН НАДЗОР ЈА ИСПИТУВААТ СМРТТА НА НОВОРОДЕНЧЕТО ВО БИТОЛСКАТА БОЛНИЦАДиректорот д-р Александар Обедниковски утрово до Министерството поднесе неотповиклива оставка од морални причини. (Фото: СДК.МК)

    Во тек е инспекцискиот вонреден надзор од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) во Клиничката болница во Битола, а формирана е и комисија за стручен надзор за целосно да се испита медицинскиот третман што бил даден на новороденчето кое починало во неделата по раѓањето на Одделението за гинекологија.

    „Комисијата од ДЗСИ е излезена на терен и во тек е надзорот за утврдување на текот на лекувањето на починатото новороденче. Истовремено е формирана и комисија за стручен надзор, составена од двајца специјалисти гинеколози, неонатолог, анестезиолог, како и претставник од Министерството за здравство“, соопшти Министерството за здравство.

    И за смртта на 5-годишната Јана Христовска на 22 март во Битолската болница беа спроведени два надзора, од инспектори на ДЗСИ и на Комисија за стручен надзор. Но, од нив не беше констатирана лекарска грешка во лекувањето на девојчето.

    По двете трагедии за нецел месец, во кои починаа и мало девојче и бебе во болницата, директорот д-р Александар Обедниковски утрово до Министерството поднесе неотповиклива оставка од морални причини.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира