ИНТЕРНИСТИ ОД СКОПЈЕ ЌЕ ОДАТ НА ПРИВРЕМЕНА РАБОТА ВО СТРУМИЦА ОТИ НЕМА ЛЕКАРИ

    ИНТЕРНИСТИ ОД СКОПЈЕ ЌЕ ОДАТ НА ПРИВРЕМЕНА РАБОТА ВО СТРУМИЦА ОТИ НЕМА ЛЕКАРИВо моментов, во струмичката болница која покрива регион со околу 100 илјади жители работат само 4 лекари специјалисти, бидејќи во приватното здравство заминаа дури 4 специјалисти од оваа област (Фото: СДК.МК)

    Интернисти од Градската општа болница „8 Септември“’ од Скопје и државната клиника ќе доаѓаат во Струмица на работа по една недела, бидејки од струмичката болница во приватното здравство заминаа дури 4 специјалисти од оваа област. Во моментов, во струмичката болница која покрива регион со околу 100 илјади жители работат само 4 лекари специјалисти и неколку секунданти, кои ги покриваат потребите на интерното одделение но и амбулантското и кабинетско дијагностицирање по интерна медицина.

    „Ќе доаѓаат специјалисти интернисти од Скопје по распоред за дежурства и мој термин. Станува збор за лекари од ‘8 Септември’ и државната клиника. Ќе остануваат по една недела за да ги покриеме потребите пред сè на мој термин по амбулантите и кабинетите. Граѓаните не треба да бидат загрижени дека нема да бидат прегледани, туку со доѓањето дополнителен кадар ќе се одговори на потребите”, вели директорот на струмичката болница Наќе Гогов, кој признава дека стиуацијата не е подобра и на останатите одделенија.

    ,,Тој недостаток од лекари специјалисти е грешка на претходното раководство на болницата, оти не се водело сметка за кои области има потреба од специјализации. Се работело стихијно и неплански и затоа сме дојдени во оваа ситуација’’, кажа Гогов и нагласи дека радиодијагностика работат само двајца специјалисти, проблем е невропсихијатрсикото но и други одделенија.

    Струмичката болница веќе има испратено пет лекари на специјализации во повеќе области, иако реално имало потреба од 12 лекари кои требало да се доусовршуваат во специјалисти за потребите на ова јавна здраствена институција.

    В. ТРАЈКОВ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари