ИНТЕРНОТО ОДДЕЛЕНИЕ НА ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА ВЕЌЕ НЕ Е КОВИД-ЦЕНТАР, СЕ ОТВОРА ЗА СИТЕ БОЛНИ

    ИНТЕРНОТО ОДДЕЛЕНИЕ НА ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА ВЕЌЕ НЕ Е КОВИД-ЦЕНТАР, СЕ ОТВОРА ЗА СИТЕ БОЛНИПациентите кои се хоспитализираат на Интерното поради други болести, а во меѓувреме се тестираат и се ковид позитивни, лекувањето го продолжуваат на Инфективното одделениеПациентите кои се хоспитализираат на Интерното поради други болести, а во меѓувреме се тестираат и се ковид позитивни, лекувањето го продолжуваат на Инфективното одделение. (Фото: СДК.МК)

    Интерното одделение „Б“ тракт од Велешката болница, кое еден месец беше ковид-центар, од денес е повторно наменето само за пациентите кои ги лекува интерната медицина. По ова, за пациентите позитивни или сомнителни на ковид-19 во болницата има 78 кревети, на Инфективното се 54 и 24 се на Физикалното одделение.

    „Интерното одделение официјално не е ковид одделение, каде само се прифаќаат пациентите кои имаат потреба од дополнително лекување, а кои веќе имаат негативни тестови. Пациентите кои се хоспитализираат на Интерното поради други болести, а во меѓувреме се тестираат и се ковид позитивни, лекувањето го продолжуваат на Инфективното одделение“, кажа д-р Весна Николовска-Неделкова, портпаролка на Велешката болница.

    Таму денес се хоспитализирани вкупно 71 пациент од кои 60 потврдени позитивни, четири се сомнителни и седум се со негативни тестови, но со здравствени проблеми. На кислородна поддршка се 27 пациенти. Денекас на Инфективното одделение почина пациент, маж на 78-годишна возраст од Велес позитивен на ковид-19, чија сопруга почина пред седум дена, но таа не била ковид случај.

    П. ПЕЧКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира