Утринава била искршена двојазичната табла поставена на влезот во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Охрид.
Според полициски извори, оштетувањето на таблата било пријавено од вработени во Подрачната единица на Фондот во Охрид. Веднаш по пријавата на местото на настанот излегла увидна екипа на СВР-Охрид.
Портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димовски го потврди случајот, но вели дека се чекаат резултатите од увидната екипа, а ги негираше шпекулациите дека при кршењето на таблата дошло до тепачка меѓу две групи граѓани.