ИСКРШЕНА ДВОЈАЗИЧНАТА ТАБЛА НА ПЕНЗИСКИОТ ФОНД ВО ОХРИД

    ИСКРШЕНА ДВОЈАЗИЧНАТА ТАБЛА НА ПЕНЗИСКИОТ ФОНД ВО ОХРИДОд МВР потврдија дека утринава била искршена двојазичната табла, но негираат дека имало тепачка при кршењето. (Фото: СДК.МК)

    Утринава била искршена двојазичната табла поставена на влезот во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Охрид.

    Според полициски извори, оштетувањето на таблата било пријавено од вработени во Подрачната единица на Фондот во Охрид. Веднаш по пријавата на местото на настанот излегла увидна екипа на СВР-Охрид.

    Портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димовски го потврди случајот, но вели дека се чекаат резултатите од увидната екипа, а ги негираше шпекулациите дека при кршењето на таблата дошло до тепачка меѓу две групи граѓани.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира