ИСКРШЕНА УЧИЛИШНАТА ТАБЛА И ОГРАДНИТЕ ШТИЦИ НА ОТВОРЕНАТА УЧИЛНИЦА НА „ВАНЧО ПРЌЕ“ ВО ШТИП

    ИСКРШЕНА УЧИЛИШНАТА ТАБЛА И ОГРАДНИТЕ ШТИЦИ НА ОТВОРЕНАТА УЧИЛНИЦА НА „ВАНЧО ПРЌЕ“ ВО ШТИПОтворената училница еподигната уште пред ковид-19, а подоцна ќе се користи за настава на отворено. (Фото: СДК.МК)

    Во кругот на ОУ„ Ванчо Прќе“ во Штип кое се наоѓа во центарот на градот, непознати лица се искачиле преку оградата и ја искршиле училишната табла, а оштетиле и дел од оградните штици од новоизградената отворена училница на ова училиште. Случајот е пријавен во полиција која трага по сторителите.

    „Претпоставуваме дека овој вандализам е направен од млади луѓе, некои можеби живеат во близина, затоа што пред неколку дена во ноќните часови кога дошол стражарот на училиштето биле затекнати како седат на клупите од отворената училница и дигале галама“, вели директорот Методи Папаров.

    Тој вели дека училишните служби веднаш ја однеле таблата со искршената конструкција на поправка, а ги санирале и оштетените штици од оградата преку која се прекачувале и влегувале во отворената училница. Истовремено, поставени се сијалици и целата училница е осветлена, а зајакната е и ноќната безбедност на училиштето.

    „Ја подигнавме отворената училница уште пред да се јави ковид-19 . Во овој период ја одржуваме и во чест на новата учебна година, поради пандемијата отворената училница убаво се најде за со ковид протоколи симболично да извршиме прием на првачињата. Сега, засилено ја чуваме и одржуваме училницата која и тоа како ќе се најде за настава во природа кога пандемијата ќе заврши“, вели Папаров.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира