ИСКРШЕНИ ПЕТ ЛЕТНИКОВЦИ НА ЕЗЕРОТО МЛАДОСТ

    ИСКРШЕНИ ПЕТ ЛЕТНИКОВЦИ НА ЕЗЕРОТО МЛАДОСТОсвен што се искршени летниковците, украдени се и неколку прскачи за наводнување.(Фото: СДК.МК)

    Изминатиот викенд уништена е урбана опрема во околината на езерото Младост крај Велес. Од ЈКП „Дервен“, кое се грижи за нејзиното одржување, велат дека непознати луѓе искршиле пет летниковци и украдени се неколку прскачи за наводнување.

    Летово крајбрежјето на езерото е полно со излетници, посебно во вечерните часови и за време на викенд. Од ЈКП „Дерен“ најавија дека ќе извршат санација на уништените летниковци, но и ги потсетија посетителите дека тоа е платено со пари од граѓаните исто како и нејзиното одржување. Апелираат за поголема свест и цивилизиран однос кон општотот добро.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира