ИЗБИРАЧКИ ОДБОРИ ОД БИТОЛА И МОГИЛА ИМААТ ПРОБЛЕМИ СО ПОПОЛНУВАЊЕ НА АПЛИКАЦИЈАТА ЗА ИЗЛЕЗНОСТ

    ИЗБИРАЧКИ ОДБОРИ ОД БИТОЛА И МОГИЛА ИМААТ ПРОБЛЕМИ СО ПОПОЛНУВАЊЕ НА АПЛИКАЦИЈАТА ЗА ИЗЛЕЗНОСТАпликацијата е воведена од ДИК за овие избори првпат, а преку неа избирачките одбори ги информираат општинските изборни комисии за процентот за излезност; - Општинската избрна комисија во Битола. (Фото: СДК.МК)

    Триесетина избирачки одбори од општина Битола и уште неколку од Могила имаат проблеми со пополнувањето на апликацијата од која се регистрира излезноста на гласачите за даден период. Апликацијата е воведена од ДИК за овие избори првпат, а преку неа избирачките одбори ги информираат општинските изборни комисии за процентот за излезност.

    На истата апликација можат да го пополнуваат и образецот 16 од Записникот во кој се сумирани сите резултати од денот на гласањето.

    Весна Томовска, претседателка на Општинската изборна комисија (ОИК) од Битола вели дека прават напори да се среди ситуацијата.

    „Им се објаснува, а се дозволи и телефонски да ни јавуваат, па во ОИК ги сметаме и рачно се внесуваат од страна на лицето за техничка промош во ДИК. Поради тоа малку доцниме со податоците за излезност на гласачите“, рече  Томовска.

    И од ОИК во Могила рекоа дека одредени одбори со соочуваат со проблеми за внес на податоци во апликацијата.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира