ИЗРАБОТЕН ПРВ ЗЕЛЕН КАТАСТАР НА ВЕЛЕС, ПРЕБРОЈАНИ СЕ 2,5 ИЛЈАДИ ДРВЈА

    ИЗРАБОТЕН ПРВ ЗЕЛЕН КАТАСТАР НА ВЕЛЕС, ПРЕБРОЈАНИ СЕ 2,5 ИЛЈАДИ ДРВЈАСо проектот „Зелена мапа, за зелена заедница“, изработен е прв зелен катастар во Велес ,мобилна апликација, изработена од млади. (Фото: СДК.МК)

    Изработен е зелениот катастар на Велес, при што биле пребрojани 2,5 илјади зимзелени и листопадни дрва во градот, мапирани се 27 површиини каде треба да се засадат нови садници, оти тие се празни, покажаа резултатите од проектот „Зелена мапа, за зелена заедница“, реализиран преку фондацијата „Импакт нет“.

    „Го пребројувавме зеленилото во градот и изработивме зелен катастар на Велес. Да ја потсетам јавноста дека согласно Законот, на секоја градежна парцела треба да има 20 отсто зеленило. Потребно е масовно пошумување на голите околини. На површните околу езеро Младост потребни се масовни акции, системски, а не повремени. Се вршеше мониторинг на програма за животна средина на Општина Велес. Се следеше имплементацијата на активности изминатите месеци. Се фокусиравме на велосипедски и пешачки патеки, регионална депонија за комунален отпад. Овие две програми беа политички ветувања и ја следиме нивната реализацијата. Понудивме и конкретни решенија за одредени дилеми “,  кажа Стевче Дечев од фондацијата „Импакт нет“ која го реализираше проектот.

    Со проектот „Зелена мапа, за зелена заедница“, изработен е прв зелен катастар во Велес ,мобилна апликација, изработена од млади. Проектот е финансиски подржан од Швајцарската влада. Мобилната апликацијата е објавена на Гугл плеј стор, која граѓаните можат да ја симнат на андроид платформа.

    „Во реализација на проектот вклучивме многу млади, средношколци. Сакавме да го зајакне мемладинскиот активизам. Беа вклучени 50 млади. Градот беше поделен на четири зони и така полесно се реализираше проектот“ рече Стефан Атанасовски-Трајковиќ, член на проектот.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира