ЈАКИМОВСКИ ВЕЛИ ДЕКА ДВА КАТА ОД ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА ЌЕ БИДАТ ГОТОВИ ГОДИНАВА, БОГОЕВ 4 ГОДИНИ НЕ ЈА ПИПНА И ТВРДЕШЕ ДЕКА Е УТНАТ ПРОЕКТОТ

    ЈАКИМОВСКИ ВЕЛИ ДЕКА ДВА КАТА ОД ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА ЌЕ БИДАТ ГОТОВИ ГОДИНАВА, БОГОЕВ 4 ГОДИНИ НЕ ЈА ПИПНА И ТВРДЕШЕ ДЕКА Е УТНАТ ПРОЕКТОТЈакимовски вели дека проектот никогаш ни бил утнат туку се прават измени во тек на градба.(Фото: Општина Карпош)

    Приземјето и првите два ката од административната зграда на Општина Карпош ќе бидат готови до септември, вели градоначалникот Стевчо Јакимовски. Градежните работи на зградата 4 години беа во застој односно, ексградоначалникот Стефан Богоев не ја пипна зградата оти тврдеше дека бил утнат проектот и објектот нема да може да добие употребна дозвола.

    Јакимовски вели дека проектот никогаш ни бил утнат туку се прават измени во тек на градба.

    „Објектот ќе се заврши со измени во тек на градба. Во моментов имаме имотно-правни проблеми односно во 2012 кога почнавме со градбата целото земјиште беше во сопственост на Република Македонија. Во меѓувреме околу 80 квадрати во процес на денационализација за вратени на физички лица. Во моментов работиме на нивно обештетување“, вели Јакимовски.

    Во буџетот за оваа година за општинската зграда се предвидени 23 милиони денари (400.000 евра). Јакимовски вели дека овие пари нема да бидат доволни за завршување на целиот објект, па годинава ќе се работи на приземјето, првиот и вторниот кат каде 70 отсто од работите се завршени. Од буџетот за наредната година ќе се предвидат пари за довршување на зградата и во 2024 таа ќе биде комплетно готова.

    „Нема поголеми оштетувања на објектот, со оглед дека 4 години стоел и не се работело ништо. Има протекување на 4-5 места што е многу мала штета. Планираме во септември дал од општинските служби да ги префлиме во зградата, бидејќи приземјето и првите два ката ќе бидат целосно функционални. Во зградата ќе бидат префлени сите подрачни единици на институциите и така граѓаните на едно место ќе можат да си ги завршуваат работите“, вели Јакимовски.

    Јакимовски додава дека финансиската состојба на Општина Карпош е стабилизирана и дека долгот кој го наследил од 5,5 милиони евра сега е само 160.000 евра.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира