ЈАС СУМ МИНИСТЕР ДОДЕКА СОБРАНИЕТО НЕ ИЗГЛАСА ПОИНАКУ, РЕЧЕ АЛАЃОЗОВСКИ ВО КУМАНОВО

    ЈАС СУМ МИНИСТЕР ДОДЕКА СОБРАНИЕТО НЕ ИЗГЛАСА ПОИНАКУ, РЕЧЕ АЛАЃОЗОВСКИ ВО КУМАНОВОМинистерот за култура Роберт Алаѓозовски денеска беше во посета на културните обележја во Куманово и вети дека со ребелансот на буџетот во втората половина на 2018 или во 2019 ќе се изработи проект за реконструкција на Спомен костурницата на паднатите борци од НОБ која е во катастрофална состојба (Фото: СДК.МК)

    Министерот за култура Роберт Алаѓозовски денеска во Куманово рече дека тој останува министер за култура, сè додека Собранието не изгласа поинаку, по шпекулациите дека дека тој е еден од миснистрите што ќе биде сменет од функцијата во реконструкцијата на Владата што ја најави премиерот Зоран Заев.

    „Јас продолжувам со својата агенда и јас сум министер за култура додека Собранието не изгласа поинаку. Се разбира дека премиерот е тој што ги предлага и разрешува членовите на Владата. Ние остануваме со нашите културни политики во континуитет и смената на министерското место не значи ништо, ниту напред ниту назад во однос на тие политики. Цврсто опстојуваме да ги реализираме сите планови“, изјави Алаѓозовски.

    На новинарско прашање дали тој ќе остане или ќе си замине од министерството, бидејќи веќе се шпекулира дека кадар на БЕСА ќе дојде на негово место, Алаѓозовски не одговори.

    „Без разлика кој и да биде следен министер тоа ќе бидат политики на континуитет, постои реформска агенда на Владата, таа реформаска агенда е донесена консензуално. Националаната стратегија е донесена со учество на целата културна фела, независниот сектор, институционалниот сектор, така што ние нема да дозволиме периодот што следи да има отстапување од реформите. Овие неколку месеци се многу битни за културата и ние веруваме дека со било која гарнитура во минситерството ќе продолжат“, одговори Алаѓозовски.

    Министерот Алаѓозовски денеска беше во посета на културните обележја во Куманово и вети дека со ребелансот на буџетот во втората половина на 2018 или во 2019 ќе се изработи проект за реконструкција на Спомен костурницата на паднатите борци од НОБ, која се наоѓа во катастрофална состојба. Исто така, најави дека Министерството за култура во 2019 ќе ја поддржи Општина Куманово во одбележување на јубилејот 500 години Куманово.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира