ЈАСЕНИ НА МЕСТОТО НА ПАЛМИТЕ НА КЕЈ, ГРАД СКОПЈЕ ГОДИНАВА ЌЕ ЗАСАДИ 10.000 ДРВЈА

    ЈАСЕНИ НА МЕСТОТО НА ПАЛМИТЕ НА КЕЈ, ГРАД СКОПЈЕ ГОДИНАВА ЌЕ ЗАСАДИ 10.000 ДРВЈАВо текот на пролетната акција ќе бидат засадени 2.000 повеќегодишни садници, а на есен нови 8.000 дрвја (Фото: Град Скопје)

    На местото на палмите кои се исушија на кејот на реката Вардар, до Музејот на ВМРО, Град Скопје денеска засади јасени. Во рамките на акцијата на Градот за зазеленување на градот на оваа локација беа засадени 20 повеќегодишни садници од видот јасен. Јасени беа засадени и кај поранешната зграда на Пожарната во Ѓорче Петров, а паркот во Чаир покрај јасени доби и јапонски цреши.

    Во текот на пролетната акција ќе бидат засадени 2.000 повеќегодишни садници, а на есен нови 8.000 дрвја.

    „Продолжуваме со пролетната акција за зазеленување на градот, овој пат на три локации. На овој потег, меѓу Камениот мост и Музејот на македонската борба, засадуваме дваесетина висококвалитетни повеќегодишни садници од видот јасен. Дрворедот кој постоеше на оваа зелена површина пред реализацијата на проектот ‘Скопје 2014‘ беше уништен и заменет со прескапи палми чија судбина е добро позната во јавноста“, рече градоначалникот Петре Шилегов, на денешната акција за засадување нови дрвореди.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира