ЈСП СКОПЈЕ ВОНРЕДНО ЌЕ ГИ ДЕЗИНФИЦИРА АВТОБУСИТЕ И ЖИЧНИЦАТА КАКО ПРЕВЕНЦИЈА ОД КОРОНАВИРУСОТ

    ЈСП СКОПЈЕ ВОНРЕДНО ЌЕ ГИ ДЕЗИНФИЦИРА АВТОБУСИТЕ И ЖИЧНИЦАТА КАКО ПРЕВЕНЦИЈА ОД КОРОНАВИРУСОТЈавниот превоз во Скопје секојдневно во просек го користат меѓу 115.000 и 130.000 граѓани (Фото: СДК.МК)

    ЈСП Скопје објави дека денеска ќе започне со вонредна дезинфекција на автобусите вклучени во јавниот превоз, како и на кабините на жичницата на Водно како превенција од ширењето на коронавирусот, откако вчера во Македонија беше регистриран прв позитивен тест.

    Секој автобус по завршување на смената и утврдената рута ќе биде дезинфициран со соодветно средство на база на алкохол и Дезинтал 10%, односно со распрскување ќе се третира внатрешноста на автобусот, а рачно ќе се дезинфицираат одделни негови делови, како ракодржачи.

    ЈСП Скопје одлучи да ги преземе овие мерки со оглед на тоа што јавниот превоз во Скопје секојдневно во просек го користат меѓу 115.000 и 130.000 граѓани, а стотици луѓе се возат со жичницата.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари