КАРПИТЕ ОД ПРУГАТА КАЈ ВЕЛЕС ОТСТРАНЕТИ, ПАТОТ КОН ГРАДСКО УШТЕ Е БЛОКИРАН

    КАРПИТЕ ОД ПРУГАТА КАЈ ВЕЛЕС ОТСТРАНЕТИ, ПАТОТ КОН ГРАДСКО УШТЕ Е БЛОКИРАНЦентарот за управување со кризи нема можност да ги отстрани карпите од патот. Пругата е исчистена и од ноќеска железничкиот сообраќај е нормализиран (Фото: П. Печков)

    Македонски железници – Инфраструктура ноќеска го расчисти одронот на камења, кој беше на пругата Велес  – Градско, на излезот од Велес.  Пругата е проодна за возови од 22,20ч  и сообраќајот  е нормализиран. Од велешката Железничка станица додаваат дека на делницата каде беа карпите, поради  превентива, возовите возат со намалена брзина. Најмногу штета од одронот  трпеше товарниот железнички сообраќај, бидејќи возовите стоеја  а со тоа се плаќаа и пенали, парични казни кон  нарачателите,  заради задоцнувањето.

    За тоа време се бара решение како да  се  отстранат огромните карпи, кои се наоѓаат на регионалниот пат  Велес и Градско, на излезот од градот, кај месноста Долни  Дуќани.

    Општина Велес испрати допис до Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи. И двете институции одговорија писмено, при што посочија дека немаат капацитети и можности за отстранување на карпи – одрони со овие димензии. Помош се бара од Градежниот факултет – во кабинетот по геомеханика и во Централата на Дирекцијата за заштита и спасување во Скопје.

    Карпите паднаа од карпата  наречена ,,Цуцка,, поради што регионалниот  пат Велес- Градско е  затворен за сообраќај и се пренасочува преку автопат.

     

    П.ПЕЧКОВ

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира