ЌЕ БИДЕ ОТСТРАНЕТ ВРЕМЕНИОТ ОБЈЕКТ ПОСТАВЕН СРЕДЕ ПАРК ВО БИТОЛА, СОВЕТОТ ЈА ПОВЛЕЧЕ ДОЗВОЛАТА ПО БРОЈНИТЕ РЕАКЦИИ

    ЌЕ БИДЕ ОТСТРАНЕТ ВРЕМЕНИОТ ОБЈЕКТ ПОСТАВЕН СРЕДЕ ПАРК ВО БИТОЛА, СОВЕТОТ ЈА ПОВЛЕЧЕ ДОЗВОЛАТА ПО БРОЈНИТЕ РЕАКЦИИПод притисок на јавноста, Советот ја укина одлуката со која за првпат беше дозволено да се постави киоск среде Градски парк. (Фото: СДК.МК)

    Под притисок на јавноста, локалната власт во Битола донесе одлука за измена на програмата за поставување урбана опрема на јавна површина пред фудбалскиот стадион во Градскиот парк, со што наложи отсранување на времениот објект поставен на таа микролокација. Киоскот кој деновиве се појави среде Градски парк, пред влезот на Стадионот чие реновирање е во завршна фаза, ја разбранува Битола. За првпат во овој дел од паркот се става ваков објект, па реакциите беа бројни.

    Реагираше и министерот за локална самоуправа Горан Милевски за, како што кажа, капиталните инвестиции на оваа наспроти претходната власт.

    „Офицерски дом во Битола наспроти новиот гулабарник. Јавна установа за сите граѓани напроти приватно гранапче. Промените на поинаку започнаа во Битола на најјако. Капиталните иновативни решение веќе се видливи. Разликите се како куќарките од приказните со трите прасенца“, искоментира Милевски.

    Сопственикот на објектот Гордијан Петровски одлучи на социјалните мрежи соопшти дека станува збор за станица од која ќе може да се понесе кафе и дека ги има извадено сите потребни доволи.

    „Овој објект ќе биди кофи-ту-гоу- станица, секако има уште многу работа за да го добие својот вистински изглед. Објектот уште не е готов, во наредните денови ќе се финишира сè и тој ќе се вклопи во целост со скејт паркот. Просторот кај што е поставен не е зелена површина, не е место кое е заштитено со закон како музејска и историска вредност и ги имам сите дозволи, а исто така си ги платив уредно“,објави Петровски.

    Неговата фејсбук објава ја лајкнаа и лица кои кои учествуваат во локалната власт.

    Пред еден месец, Советот имаше изгласано проширување на програмата за поставување урбана опрема во други делови на Битола, па и пред стадионот. Но на денешната седница, по бројните реакции викендов, беше поднесена и изгласана дополнителна точка на дневен ред за десетта измена на програмата, со што се избриша микролокацијата пред стадионот и се задолжи општинската администрација да преземе мерки за остранување на објектите поставени на микролокацијата.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира