ЌЕ ГО БЛОКИРАМЕ ЦЕЛ ЈУГОИСТОК И НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ РУДНИЦИ, ПРАТЕНИЦИТЕ ИТНО ДА ГО ДОНЕСАТ ЗАКОНОТ, ПРОТЕСТИРАА ЕКОАКТИВИСТИТЕ ВО СТРУМИЦА

    ЌЕ ГО БЛОКИРАМЕ ЦЕЛ ЈУГОИСТОК И НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ РУДНИЦИ, ПРАТЕНИЦИТЕ ИТНО ДА ГО ДОНЕСАТ ЗАКОНОТ, ПРОТЕСТИРАА ЕКОАКТИВИСТИТЕ ВО СТРУМИЦАAпелираме народните пратеници да ги усвојат измените на Законот за металични минерални суровини и нас како граѓани да нè заштитат, побараа активистите од Југоистокот кои го блокираа кружниот тек во Струмица кон Бугарија и Валандово (Фото: СДК.МК)

    Граѓанските активисти против изградба на рудници во Југоистокот, со протест и блокада на кружниот тек во Струмица кон Бугарија и Валандово, го изразија своето незадоволство што надлежните не преземаат никакви мерки да го стопираат отварањето рудици во овој дел од државата. Како што кажаа активистите, трпението веќе е при крај кај граѓаните и мора Владата веднаш да го стопира злото кое се надвиснува над најземјоделскито регион во Македонија.

    Итно одземање на концесијата на „Еуромакс ресорсис“ за рудникот Иловица, но и донесување на измените на Законот за металични минерални суровини, побараа активистите од „Здрава котлина“, организатори на протестот и блокадата.

    „Веќе две години концесионерот е во незаконски дејанија, бидејќи од 2016 та година им е истечен рокот за обезбедување на сета документација за да рудникот почне да работи, но тие тоа го немаат и две години нè манипулираат и лажат и нас и власта, затоа водиме правни постапки против нив. Второ, апелираме народните пратеници да ги усвојат измените на Законот за металични минерални суровини и нас како граѓани да нè заштитат“, кажа граѓанскиот активист Стојан Велков-Трн.

    На протестот, млади активисти свиреа музика против отварање рудници. Тие добија поддршка и од останатите граѓански здруженија од југоисточна Македонија кои се револтирани што државата нема слух на нивните барања, а Уставен суд ги поништи референдумите.

    „Се надеваме дека ова ќе биде последна блокада, во спротивно власта ќе се соочи со граѓанска непослушност и блокади на магистралните патишта. Планираме да го блокираме целиот Југоисток доколку му се дозволи на концесионерот ‘Еуромакс’ да отвори рудник“, истакна граѓанската активистка Милена Зафирова.

    По денешниот протест на активистите се јави и компанијата „Еуромакс“, која вели дека ја поздравува секоја активност на невладините организации кои се залагаат за заштита на животната средина, но смета дека тоа „не мора да биде на сметка на добросостобјата и просперитетот на локалната заедница“. „Еуромакс“ уште еднаш потенцира дека рудникот нема да загадува и нема да користи цијанид, и тврди дека со рудникот корист ќе има целата заедница.

    В. ТРАЈКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира