ЌЕ ЈА ЗАТВОРАМ ЗООЛОШКАТА АКО СИТЕ НЕ НОСАТ МАСКИ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ ГАЛЕТАНОВСКИ

    ЌЕ ЈА ЗАТВОРАМ ЗООЛОШКАТА АКО СИТЕ НЕ НОСАТ МАСКИ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ ГАЛЕТАНОВСКИДиректорот Галетановски вели дека ќе ангажира и дополнително обезбедување сѐ со цел вработените, децата и родителите да бидат заштитени.(Фото: СДК.МК)

    Сите посетители во Зоолошката градината задолжително треба да носат маски, а ако не носта, ќе ја затвориме, вели директорот Ѓорѓи Галетановски. Изминатативе месеци во скопската Зоолошка голем дел од посетителите ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот. Но, сепак има случаи кога посетителите откако ќе влезат во градината ги вадат маските и не одржуваат растојание.

    Со порастот на бројот на заразени и рекордите бројки од 393 нови заболени  во Зоолошката градина од 13 октомври ќе се воведат дополнителни мерки за поголема заштита од ковид-19.

    „Зоолошката градина е најбезбедно место и голем дел од постетителите носат маски. Но, од вторник ќе мора сите да носат, во спротивно ќе ја затворам Зоолошката за посетители. Вработените постојано ги едуцираат посетителите да носат маски и да држат растојание, а поставени се и информативни табли. Ќе преземеме и други мерки така што ќе ангажираме дополнителни редарски служби од агенциско обезбедување. Јас како директор нема да дозволам ниедно дете, родител или вработен да биде заразен во Зоолошката градина“, вели директорот Ѓорѓи Галетановски.

    Во март поради еподемијата на ковид-19 Зоолошката градина беше затворена и не работеше два месеци. Повторно беше отворена за посетители во мај. Веднаш штом почна со работа беше отворено новото живеалиште на фламингата. Во градината во моментов се гради живеалиштето за пингвините, како и Дино паркот пак кој требаше да биде отворен летово, но поради состојбата со коронавирусот ќе биде пуштен во употреба напролет.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира