ЌЕ СЕ ПРОБИВА УЛИЦАТА ВАСКО КАРАНГЕЛЕСКИ КАЈ ВОЕНИОТ БАЗЕН ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ, КАФЕАНАТА „ФИРМА“ ТРЕБА ДА СЕ УРНЕ

    ЌЕ СЕ ПРОБИВА УЛИЦАТА ВАСКО КАРАНГЕЛЕСКИ КАЈ ВОЕНИОТ БАЗЕН ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ, КАФЕАНАТА „ФИРМА“ ТРЕБА ДА СЕ УРНЕУлицата ќе се пробива покрај воениот базен за да се поврзе со булеварот Трета македонска бригада. (Фото: СДК.МК)

    Град Скопје наредниот месец ќе почне со проширување и пробивање на улицата Васко Карангелески во населбата Аеродром, кај воениот базен. Изработен е проектот, а во моментов во тек е тендерот за избор на фирма која ќе ги изведува градежните работи.

    Се предвидува улицата, која почнува кај салата „Јане Сандански“, да добие четири коловозни ленти во делот пред воениот базен каде всушност се стреснува и има само две ленти. Потоа, ќе се пробива покрај базенот за да се поврзе со булеварот Трета македонска бригада. Како што објаснуваат од Град Скопје, на трасата се наоѓа само еден објект кој треба да биде урнат, а тоа е кафеаната „Фирма“.

    „Првата фаза од изградба на инфраструктурата на овој коридор ја завршивме со проширување на булеварот АСНОМ, на потегот од крстосницата со булеварот Србија до крстосницата со улицата Васко Карангелески. Сега стартуваме со пробивањето и проширувањето на улицата Васко Карангелески, со што ќе се овозможи директно движење и излез на булеварот Трета македонска бригада. Оваа улица во делот пред воениот базен е во многу лоша состајба и има само две ленти, а со пробивањето граѓаните нема да треба да кружат, туку ќе се овозможи уште еден коридор и растеретување на сообраќајот“, велат од Град Скопје.

    Новиот мост на Вардар, како што велат од Градот, треба да биде готов есенва, а летово ќе почне пробивањето на булеварот низ Керамидница. Изградбата на мостот со кој треба да се поврзат Општините Аеродром и Гази Баба чини 16 милиони евра, од кои 8 милиони за градежни работи, а 8 милиони за експропријација на сопствениците на околу 100 куќи кои се на трасата.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира