КОЧАНЧАНКА УБИЕНА СО 42 УБОДИ ОД МАЖ КОГО ВО МАЈ ГО ПРИЈАВИЛА ЗА УЦЕНА И ЗАКАНИ

    КОЧАНЧАНКА УБИЕНА СО 42 УБОДИ ОД МАЖ КОГО ВО МАЈ ГО ПРИЈАВИЛА ЗА УЦЕНА И ЗАКАНИУбиството се случило пред домот на жената каде живеела на улицата Страшо Ербапче во Кочани.  (Фото: СДК.МК)

    Кочанската полиција утрово уапси У. Р. (59) од Кочани, кој со повеќе убоди од остар предмет ја убил Т. М. (46) од Кочани. СВР Штип соопшти дека по претходна расправија пред домот во кој жената престојувала тој ѝ нанел повеќе убодни рани по што таа починала на самото место.

    На повик на соседот од улицата Страшо Ербапче пристигнала и брзата помош и констатирала дека жената имала 42 убодни рани, по што веднаш починала. По налог на обвинителот телото е дадено на обдукција.

    Портпаролката на СВР Штип Гордана Панајотова ни изјави додава дека Т. М. против У. М. до ОВР Кочани поднела пријава на 16 мај, со објаснување дека подолг период била уценувана од него со кого била во љубовна врска, ѝ се заканувал дека ќе објави компромитирачки фотографии и видеа ако не му даде пари.

    Инспектори во ОВР Кочани постапиле по пријавата и на 31 мај до ОЈО Кочани било поднесено известување со службен материјал во прилог, а на 5 јуни и дополнување на известувањето со службен материјал во прилог.

    Нема информации понатаму до каде дошла целокупната постапка.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира