„КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ ЌЕ ЧИСТИ ВО КАРПОШ И ЈАКИМОВСКИ МОЖЕ ДА ГИ КОРИСТИ КОНТЕЈНЕРИТЕ, ОДЛУЧИЛЕ НА СРЕДБАТА СО ДИРЕКТОРОТ ЕНУС

    „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ ЌЕ ЧИСТИ ВО КАРПОШ И ЈАКИМОВСКИ МОЖЕ ДА ГИ КОРИСТИ КОНТЕЈНЕРИТЕ, ОДЛУЧИЛЕ НА СРЕДБАТА СО ДИРЕКТОРОТ ЕНУСНа средбата меѓу Јакимовски и Енус е договорено Општина Карпош и „Комунална хигиена“ заеднички и координирано да ја одржуваат хигиената. (Фото: Општина Карпош)

    Откако вчера градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски се пожали дека раководството на градското комунално претпријатие „Комунална хигиена“ забранило општинските служби да фрлаат ѓубре во контејнерите, денеска директорот Зухри Енус побарал средба со него. Како што соопшти Општината, на средбата меѓу Јакимовски и Енус е договорено во периодот што претстои Општина Карпош и ЈП „Комунална хигиена“ заеднички и координирано да ја одржуваат хигиената во интерес на граѓаните.

    „Заеднички е констатирано дека хигиената во оваа општина во голема мера е подобрена од пред три месеци, како и дека граѓаните на Карпош заслужуваат хигиена на високо ниво, имајќи го предвид високиот степен на наплата за оваа услуга“, се вели во соопштението на Општина Карпош.

    Јакимовски пред неколку дена кажа дека во Карпош се распределени само тројца комунални работници кои ништо не чистат, туку седат по клупи и пушат цигари. После оваа негова изјава, во Карпош дошле четири комунални инспектори кои им рекле на службите од Општината  дека не смеат ѓубрето да го фрлаат во нивните контејнери.

    „ЈП ‘Комунална‘ нема да ни прати работници за чистење, ама затоа имаат 4 комунални инспектори кои ги пратиле да нè дисциплираат, односно да ни ја затнат устата наместо да се фатат за метлата“, рече вчера Јакимовски.

    Тој и утрово пред да има средба со директорот Енус повторно беше во контрола колку се чисти во Општината и објави видео од улиците каде нема ниту еден работник кој собира ѓубре и мете улици и тротоари.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира