КОМУНАЛНИТЕ РАБОТНИЦИ НА ГРАД СКОПЈЕ НИШТО НЕ ЧИСТАТ, ГИ НЕМА ИЛИ СЕДАТ НА КЛУПИ И ПУШАТ, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КАРПОШ ЈАКИМОВСКИ

    КОМУНАЛНИТЕ РАБОТНИЦИ НА ГРАД СКОПЈЕ НИШТО НЕ ЧИСТАТ, ГИ НЕМА ИЛИ СЕДАТ НА КЛУПИ И ПУШАТ, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КАРПОШ ЈАКИМОВСКИЈакимовски два дена правел контроли на улици кои се под надлежност на Град Скопје и задолжени за одржување на хигиената на нив се градските служби.(Фото: Општина Карпош)

    Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски се жали дека работниците од градското претпријатие „Комунална хигиена“ не ги чистат и метат улиците. Јакимовски вчера и денеска бил во контрола на неколку локации и ги затекнал работниците како седат на клупи и пушат цигари, а на дел од улиците воопшто ги немало.

    Контролите Јакимовски ги направил околу 9 часот на булеварите Илинден, 8 Септември, Партизански одреди, Теодосиј Гологанов, и улиците Рузвелтова, Јуриј Гагарин, Московска и Љубљанска. Овие улици се под надлежност на Град Скопје и затоа задолжени за одржување на хигиената на нив се градските служби.

    На булевар Илинден затекнат беше само еден работник кој беше во движење пред поранешна американска амбасада. На булевар Теодосиј Гологанов работеше само еден работник и двајца работници спроти Симпо‘ на булевар Партизански одреди кои седеа на клупа и пушеа цигара. Истите работници и денеска само 20 минути порано одмараа на истата клупа. На останатите улици нема ниту еден вработен. Толерирање за неработењето на ‘Комунална хигиена‘ нема да има. Постојано ќе ги контролираме и прозиваме“, стои во соопштението објавено на фејсбук страната на Општина Карпош.

    Јакимовски во декември преку видео обраќање на неговиот фејсбук профил се пожали дека 45 дена не може да ја добие градоначалничката Данела Арсовска. Не му одговарала на телефонските повици и немало никаква кооперативност од нејзнина страна за решавање на проблемите кои ги засегаат граѓаните. 

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира